Ја охрабруваме ДКСК да испитаат како Зоран Заев стигна до имот вреден неколку милиони евра

Соопштение до јавноста

Ја поздравуваме експeдитивноста на ДКСК, и повторно ја нагласуваме отвореноста да се испитаат сите аспекти за кои постои интерес. Воедно ја охрабруваме со истиот жар, ентузијазам и експедитивност да го испитаат и имотот на премиерот Зоран Заев од просечно земјоделско семејство стигна да вреди неколку милиони евра, како Заев го изгради „Глобал“ за што беше амнестиран, а Заеви стигнаа до возен парк Бентли и Мајбах. И како судот го ослободи, поточно амнестираше Заев од случајот „Поткуп“ каде се гледа како на видео бара мито.

Воедно по истиот допрен глас, кој за антикорупциската комисија мислиме дека треба исто да вреди како оној на власта, бараме да се испитаат повеќето дозволи за хидроцентрали на вицепремиерот Анѓушев, да ги испитаат сомнежите за грчки фирми на министерот Манчевски, и фирмите за марихуана на Заеви.

И кога не би бил последниот ден од кампањата, и кога Заев не би ги злоупотребувал институциите за ваков смешен политички маркетинг со цел да го покрие поразот, би го повикале заспаното обвинителство да поведе постапка против Зоран Заев за кривично дело – Спречување на истрага,  за двајца негови функционери за што постои и јавно признание од премиерот. Допрениот глас беше емитуван во емисијата на телевизијата 24, а доколку не ја виделе од обвинителството, веројатно ангажирани да го следат партискиот портпарол на власта, ние им стоиме на располагање да ја дадеме снимката од истото.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...