ДКСК да испита како Заев стигна до имот вреден неколку милиони евра и да ги испита случаите со „Глобал“ и „Поткуп“

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: ДКСК објави два предмета за Христијан Мицкоски, едниот за хидроцентралите другиот кога бил именуван за  директор на АД ЕЛЕМ, а во истиот момент бил и советник на Груевски, и второто за вработувањата на роднини на Јанушев и на Милошоски?

Одговор:  Ја поздравуваме експeдитивноста на ДКСК, и повторно ја нагласуваме отвореноста да се испитаат сите аспекти за кои постои интерес. Воедно ја охрабруваме комисијата со истиот жар, истиот ентузијазам и експедитивност да го испитаат и имотот на премиерот Зоран Заев, имот кој од просечно земјоделско семејство стигна да вреди неколку милиони евра, па потоа да испитаат како Заев го изгради „Глобал“ за што беше амнестиран, а Заеви дојдоа и  до возен парк Бентли и Мајбах. И исто така комисијата треба да испита како судот го ослободи, поточно амнестираше Заев од случајот „Поткуп“ каде што се гледа со видео снимка како истиот бара поткуп.

Воедно по истиот допрен глас, кој за антикорупциската комисија треба да вреди исто како и оној глас од власта бараме да се испитаат и повеќе дозволи за хидроцентрали на вицепремиерот Анѓушев, да ги испитаат сомнежите за грчки фирми на министерот Манчевски, и секако фирмите за марихуана на Заеви.

И кога не би бил последниот ден од оваа предизборна кампања, и кога Заев не би ги злоупотребувал институциите за ваков смешен политички маркетинг со цел да го покрие поразот, би го повикале заспаното обвинителство да поведе постапка против Зоран Заев за кривично дело – Спречување на истрага,  за двајца негови функционери за што постои и јавно признание од Зоран Заев. Допрениот глас беше емитуван во емисијата на телевизијата 24, а доколку не ја виделе од обвинителството, веројатно ангажирани за да го следат партискиот портпарол на власта, им стоиме на располагање да им ја дадеме снимката од истото.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои што се поврзани со оваа истрага. Сосема на крај би ја корегирала ДКСК, која што се надеваме дека нема да се вклопи и ќе одолее на очајот на власта, односно треба да се знае дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во моментите кога директоруваше со ЕЛЕМ не е советник на Груевски, туку на премиерот на техничката влада Емил Димитриев, а потоа извесен период и на премиерот Зоран Заев.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...