Томовски: Јавното Oбвинителство да го повика Заев врз основа на допрен глас и да поведе постапка за неговото оневозможување на правдата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ивица Томовски

Почитувани,

Зоран Заев вчера призна дека сторил кривично дело и ја попречил правдата. Според неговото признание со предвременото откривање на криминалот на двајца негови функционери, Заев оневозможил истрагата да финишира со докази со кои криминалците би одговарале за тоа што го сториле.

Самиот Заев вчера призна дека ја блокирал истрагата со неговите дејствија при што криминалците имале доволно време да ги сокријат трагите и доказите.

Заев со попречувањето на истрагата, практично призна дека директно сторил кривично дело –  Повреда на тајноста на постапката од чл. 369 од КЗ.

Да потсетиме дека Заев во октомври 2017-тата година кажа дека двајца функционери од неговата влада се осомничени за криминал и дека против нив е поведена постапка.

Постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало ниту би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган.

ВМРО-ДПМНЕ еднаш предупредува дека Заев со своето обелоденување ја попречува истрагата и дека постои опасност истиот да се договорил со криминалците за себе да земе дел од украдените пари.

ВМРО-ДПМНЕ очекува од ЈО  да го повика Заев врз основа на допрен глас и да поведе постапка за неговото оневозможување на правдата.

Се сомневаме дека Зоран Заев свесно ја саботирал истрагата и дека зад таа намера се крие материјален интерес за него со што делото кое го сторил добива уште потешка квалификација.

Заштитата на криминалот мора да запре. Одговорност мора да има. Очекуваме органите на прогонот да почнат да ги процесуираат криминалите на власта. Но и потсетуваме дека доколку некој криминалец не биде санкциониран поради неговата блискост со Заев, тој ќе се соочи со одговорност по промената на власта, кога ќе завладее правдата.

Поврзани вести