Стоилковски: СДСМ, Пендаровски и Заев ги злоупотребуваат позициите на државата и го кршат Изборниот законик

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Продолжуваат злоупотребите на СДСМ во оваа изборна кампања за избор за претседател за 2019-та година. Продолжуваат злоупотребите и на функциите и на државните ресурси Стево Пендаровски затоа секако нема ниеден збор.

Почитувани,

СДСМ ги злоупотребува позициите на државата како министри и како градоначалници кои што се појавуваат на средби со граѓани среде Изборна кампања, среде Претседателски избори 2019 во насока на поддршка на нивниот кандидат Стево Пендаровски. Ова е класична злоупотреба на државните ресурси.

Почитувани,

На средба со граѓани од улиците 150, 151 и 152 во Куманово, Максим Димитриевски и Оливер Спасовски настапуваат како Градоначалник и како Министер за внатрешни работи, така се и најавени во име на тие функции настапуваат на средбите со граѓани. На видеото објавено на македонските медиуми но и на интернет се слуша како Димитриевски и Спасовски ветуваат правење на улицата, асфалтирање на улица 150, како и градинки и останата инфраструктура, атмосферска канализација и дека сега сето тоа ќе го стави во програма за следната година. Среде кампања, Димитриевски ветува асфалтирање за догодина.

„Јас давам збор, ако го избереме Стево, ќе имам финансиска поддршка од Владата за да ги изработам проектите. Ако се врати ВМРО на власт, јас ќе дојдам тука и ќе кажам другари извинете јас не можам да ја направам цела улица затоа што немам пари. Ако е СДСМ на власт ќе ми овозможи финансиски средства“, вели Максим Димитриевски, градоначалник од позиција на градоначалник на Куманово среде изборна кампања, барајќи ги гласовите на Кумановчани за поддршка на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Вон правно вели дека  ќе имало европски фондови само и само ако дошол Пендаровски. Само „Стево проваѓал“ во ЕУ, вели Максим Димитриевски, а другиот не проваѓал!? Па го најавува министерот за внатрешни работи да каже за проектите на владата, кој пак ветува финансирање на проекти, од улици, водоводи, фекална канализација, ветува пари од државниот буџет но и европски фондови, за градинки и за други проекти.

Почитувани ова е недозволиво, градоначалник и министер пред граѓани ветуваат проекти и улици и канализации за да се гласа за нивниот кандидат!

Ова е спротивно на законот, спротивно на изборниот закон спротивно на антикорупцискиот закон, спротивно на етиката политичка, спротивно на позитивните европски практики.

За ова ќе биде поднесена нова пријава до антикорупциската за која повторно деновиве имаме поднесено 7 нови поднесоци, за злоупотреби и на медиуми и на градежни активности и на државни ресурси и на јавни претпријатија.

И јасно е зошто го прават ова. СДСМ соочени со поразот на 5-ти мај, немаат друга опција освен да продолжи со притисоци и со лаги, со ветувања и поткупи да го ублажи поразот. Правото и правдата е на дофат. Правдата и правото ќе победат во  Република Македонија!

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...