ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: На 5 мај ќе победи правото и правдата во Македонија, граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено и мирно

Интегрален текст од прес конференција за медиуми Стојанчо Рамов, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Почитувани сограѓани,

Ни преостануваат само уште 2 дена до вториот круг од претседателските избори.

Народот ги препозна лагите и манипулациите на оваа власт уште во првиот круг. Победивме во 47 општини, а од недела натаму нема да биде исто во Република Македонија. 5ти мај ќе биде ден на пресвртот, после кој враќање нема. Власта е во паника, а тоа го препознаваат сите граѓани. Народот ги казни штетните политики на оваа Влада, а не однесувањето на поединци.

Во Македонија никогаш не се живеело потешко, потфрлија на секое поле. Тргуваа со македонските национални интереси, потфрлија во економијата, потфрлија во земјоделството. Но, фактурата за сето ова ќе им ја испорача народот на 5ти мај во недела.

Од друга страна, жалосно е што нивниот кандидат за Претседател бега од ТВ дуели. Го разбираме, но не го оправдуваме, бидејќи после ТВ дуелите во првиот круг евидентна беше двата претседателски кандидати. Гордана Сиљановска Давкова со сиот свој интегритет и достоинство е гарант дека ќе се врати правдата во Македонија.

Зоран Заев и неговите катастрофални политики мора да заминат што побрзо за земјата да тргне напред. Оваа власт мора да биде поразена за Македонија да има успех. Успехот е гарантиран со глас за Гордана Сиљановска Давкова.

Гласот за Гордана Сиљановска Давкова значи глас за иднина на сегашните и идните генерации,  гласот за Гордана Сиљановска Давкова значи просперитет и успех значат реформи, развој на секое поле и отстранување на црните облаци кои надвиснаа над граѓаните откако Зоран Заев ги води.

Македонија мора да оди напред, Македонија заслужува иднина заслужува да биде земја во која се живее достоинствено и мирно. Победата на  Гордана Сиљановска Давкова и на ВМРО ДПМНЕ ќе значи почеток на нова ера во политиката, почеток во кој  претседателот е олицетворение на промените кои треба да се случат. Затоа на 5 ти Мај да излеземе и да го дадеме гласот за професорката Гордана Сиљановска Давкова, да го дадеме гласот за подобро утре и подобар живот, глас за надеж за сите граѓани на оваа земја . Глас од кој зависи судбината  и иднината на Република Македонија.

Поврзани вести

Најгоре