Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: После празниците, работната група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави до Министерство за правда во однос на Законот за јавно обвинителство, во поглед на делот каде што се определува дека државниот обвинител Љубомир Јовевски ќе одлучува кои предмети кај кои јавни обвинители ќе бидат распределени?

Одговор: Ние ја цениме размената на мислења помеѓу правниот тим односно правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и владата односно министерството за правда. Мораме да истакнеме дека се уште нема компромис помеѓу двата преговарачки тима и дека се уште се работи на анализи и додатни преговори. Очигледно е дека волја постои кај двата тима да се изнајде решение коешто би било заклучно со европските теркови и во дискрециони рамки се преговара, разговара и се работи. Меѓутоа како што кажав му даваме шанса на процесот да се одвива и понатаму, така да во наредниот период ќе имаме нови информации коишто ќе можеме да ви ги доставиме вам на медиумите.

Прашање: Значи се уште немате доставено конкретни одговори?

Одгoвор: Во моментов се работи на анализи, се работи на како што реков доработка на одредени ставови и насоки коишто ги имаме како ВМРО-ДПМНЕ така да го наредните неколку дена ќе имате некои информации за овој процес.

Поврзани вести

Најгоре