Николоски: Македонија и оваа година нема да добие датум за преговори

Во денешното интервју на Тера телевизија со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски тема беше и евроатланскиот пат на земјата.

„Велам за жал, бидејќи е штета за целата држава. Македонија и оваа годинава нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Иако држвата добиваше позитивни препораки за отпочнување на преговори од 2008 година континуирано, со исклучок на претходната и оваа година, не ги почнуваше преговорите заради спорот со Грција. Лани основната мотивација на Заев и Димитров зашто потпишаа таков договор каков што потпишаа, кој по сите основи е лош и полош не можеше да биде, беше почеток на преговори за членство во ЕУ. Лани на 17 јуни го потпишаа договорот блиску тука до Битола и веќе на 29 јуни Европската унија реши да не ни даде датум за преговори, им дадоа еден сет од четири работи кои што требаше да се направат до овој јули за датум за преговори. Јас во ноември напишав една колумна во која што предвидов дека Македонија нема да добие ниту оваа година датум за преговори, не дека сум видовит, туку затоа што имам соодветни информации од Брисел, а се сведуваше на еден апел до Владата сериозно да ги свати тие четири реформи, но Владата тоа не го свати сериозно и мислеа дека само со договорот од Преспа ќе добиеме датум“ вели Николоски во интервјуто за телевизија Тера.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...