На 5 мај ќе се стави крај на СДСМ и политичарите кои што децении наназад, ветуваат, а ништо не исполнуваат во Куманово

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска се обрати пред граѓаните во општина Куманово, во кумановската населба Рајкова куќа, каде што посочи дека на 5 мај ќе се отвори можноста за конечно ставање на крај на СДСМ, и политичарите кои со децении наназад во Куманово ги лажат и манипулираат граѓаните.

Дојде денот кога ќе се стави крај на оние политичари кои .што децении наназад, ветуваат, а ништо не исполнуваат овде во Куманово

Ќе се стави крај на оние политичари кои што со лаги и со измами битисуваат сето ова време на политичката сцена во Република Македонија. 5 мај е тој ден, а истата таа жар истата таа мотивација, истата таа храброст денеска ја гледам во очите на граѓаните, подготвеност и одлучност на 5 мај да се стави крај и на Максо, да се стави крај и на Оливер, кажа Мицкоски од Куманово.

Тој додаде дека кумановчани се разочарани од градоначалникот на Куманово од СДСМ Максим Димитриевски и министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски бидејќи наместо да работат за обезбедување на подобри услови, исполнување на проектите за кои се избрани и решавање на проблемите на сите граѓани во Куманово тие ги уценуваат да гласат за Стево Пендаровски условувајќи ги  дека само така ќе им асфалтирале некоја улица, што преставува потценување на народот.

Наместо да си ја работат работата за која што се платени, за која што уживаат секакви привилегии, години наназад, тие по принципот на нивниот ментор Заев, по принципот на Мирчо свињарникот наместо да излезат со механизација, со проекти , решенија за проблемите, бидејќи тоа е надлежност на општината, тие излегуваат овде и велат гласајте за Стево, ако сакате да ви ја асфалтираме улицата.Поголемо понижување, поголемо омаловажување во 21 век зарем постои ли? Овие луѓе ќе бидат казнети. Изборите се можност за тоа. Заедно со народот да се избориме за правда за Македонија, вели Мицкоски.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...