Милошевски: Охрид мора да биде самоодржлив град

Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, при своето гостување на Алфа телевизија рече дека Охрид тоне и моли за помош, а тој се надева дека ќе биде човекот кој ќе биде избран од Охриѓани за да ја пружи целата своја помош и поддршка за да му помогне на градот.

-Охрид мора да биде самоодржлив град, да не зависи од никого. Охрид мора да биде убав град, а за жал сега е многу нагрден од непланските градби во последниот период. Ќе најдеме начин да ги решиме непланските градби, да ја уредиме околината, а потоа да ги легализираме тие градби. Но, не смееме да преземаме мерки кои би биле на штета на граѓаните и би ги платиле тие, рече Милошевски.

Тој рече дека за жал за иселувањето од Охрид е поради немањето систем младите луѓе да ја покажат својата можност за развој и несоодветната економска положба на младите.

-За да го спречиме ова имаме предидено 3 врвни стратегии. Првата е, стратегија за локаленон економски развој, да направиме услови во Охрид да нема ниеден млад човек невработен. Втората е за локален снажен туристички развој, да ги развиеме сите видови на туризам во Охрид. Третата стратегија е да им дадеме предност на најспособните, мораме да дадеме шанса Охрид да стане самоодржлив. Овие стратегии ќе ги прават врвни професионалци кои го познаваат Охрид. Имам многу идеи, се надевам ќе успеам да ги реализирам, рече Милошевски, кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Најгоре