Милошевски: Охрид бара помош, граѓаните барат помош, јас имам план за напредок

Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, при своето гостување во Отворено на Алфа Телевизија рече дека тој ја предвидел малата излезност на граѓаните во првиот круг поради тоа што претходно луѓето биле излажани и изневерени.

-Јас ја барам довербата на луѓето затоа што ги немам изневерено никогаш, ни како доктор, ни како човек, нема ни како градоначалник. Но сега, луѓето сфатија дека мора да се направат промени, знаат дека сме го допреле дното и мислам дека сега то ќе се поправи, рече Милошески.

Тој рече дека е воспитан за да помага на народот, а токму сега може да му помогне на Охрид и на граѓаните.

-Воспитан сум за да сторам нешто, не можам да гледам паднат човек на улица, а да не помогнам. Охрид бара помош, граѓаните браат помош. Во оваа моја кампања немам ништо спомнато од мојата докторска кариера, не се кандидирам за директор на болница, туку за градоначалник.

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески рече дека се надева на мирни и чесни избори.

Поврзани вести

Најгоре