Ѓорчев: На Македонија не и треба претседател кој нема да каже Македонија

Очекувам граѓаните да излезат и да гласаат, очекувам граѓаните да ја делегитимираат власта, зошто не прават ништо како на централно, така и на локално ниво, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија 24.

-Во Македонија нема абер од инвестиција. Премиерот отвори една сендвичара за пилешко месо. Ако овој народ сака да види подобри услови за живот нека гласаат за Гордана Силјнаовска Давкова. Ако сакаат надлежните да почнат да им креваат телефони, да видат резултати на локални и централно ниво, нека гласаат за Силјановска, кажа Ѓорчев.

Според него на Македонија не и треба претседател кој нема да каже Македонија, на Македонија не и треба претседател кој ќе се согласува 102,5 проценти со премиерот.

-Метлата треба да почне од Зоран Зсев и од Вице Заев. Зошто изгубивте во првиот круг. Власта е делегитимирана во околу 50 општини во целата држава. Власта верува во полнење на кутии, а потоа ќе го малтретираат локалното население, рече Ѓорчев.

Ѓорчев укажа дека граѓаните го отпишаа СДСМ, и оти ВМРО-ДПМНЕ треба да работи уште со граѓаните.

-Фактот е еден дека не се случило власта да биде делегитимирана за помалку од две години откако раководи со државата, рече Ѓорчев и додаде дека метлата практично треба да ги смете сите 28 министри.

Поврзани вести