Додека СДСМ кодоши и клевети, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи и така работејќи ќе победи на претседателските избори на 5-ти мај

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Кавадарци, при што оствари средба со голем број на граѓани.

Мицкоски пред присутните потенцираше дека додека власта измислуваше, клеветеше и лажеше, ВМРО-ДПМНЕ работеше и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ успеа да ги победи сите останати кои беа на другата страна.

Никој не веруваше дека ВМРО-ДПМНЕ од едната страна и сите останати од другата страна, дека ќе победиме. Тие измислуваа, подметнуваа, клеветеа, кодошеа, лажеа, а ние работевме.  Тие ќе продолжат, тоа е нивната навика, такви се тие од СДСМ, а ние ќе продолжиме да работиме затоа што ние сме различни од тие од СДСМ, ние сме ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека додека тие продолжуваат да кодошат и да клеветат,  ВМРО-ДПМНЕ ќе работи и така работејќи ќе победи на претседателските избори на 5-ти мај, а таа победа ќе донесе предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи, а веднаш после таа победа не чека многу работа затоа што треба државата да се крева од пепелта од која оваа власт ќе ја остави.

Но, тоа е само првиот дел од нашата мисија. Тоа се првите два меѓника. Првиот меѓник е на 5-ти мај, а вториот ќе биде на предвремените парламентарни избори. Но потоа браќа и сестри, драги кавадарчани, добри луѓе не чека многу работа. Не чека засукување на ракави, затоа што државата ќе треба од пепел да си ја вадиме, од онаа пепел во која што оние политички измамници ќе ни ја остават, нагласи Мицкоски.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...