Заев и Пендаровски изгубија во првиот круг, а ќе изгубат и во вториот круг

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Колку побрзо толку подобро е СДСМ  да почне да се привикнува на новата реалност која доаѓа. Христијан Мицкоски ќе биде новиот премиер, по победата на предвремените парламентарни избори на кои СДСМ катастрофално ќе изгуби.

Заев и Пендаровски изгубија во првиот круг, а ќе изгубат и во вториот круг. Граѓаните во првиот круг покажаа дека им е преку глава од криминалот и корупцијата на власта. На 5-ти мај следува пораз за Заев и Пендаровски, во СДСМ тоа го знаат и затоа се испаничени.

Гордана Сиљановска Давкова ќе биде новиот претседател на Република Македонија, а губитникот Стево Пендаровски треба да се помири со тој факт.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре