Ѓорчев: Новата влада на Мицкоски ќе го укине покачувањето на акцизата за горивата наметнато од Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски во првите 100 дена ќе ја укине дополнителната акциза на горивата воведена од владата на Заев и Тевдовски. Јасно е дека цените на горивата отидоа горе и тоа како ги засега граѓаните, стопанството, транспортните претпријатија.

Од тие причини треба да се намали цената на горивата, треба да се анулира зголемувањето на акцизата од 3 ипол денари по литар воведено од Заев и Тевдовски и на тој начин да имаме намалување на цената на горивата и скратување на трошоците за  семејствата и компаниите.

Неколку примери, прво во оној момент кога Зоран Заев ја презеде владата во јуни 2017 година едно семејство за да наполни два пати месечно резервоар со гориво требаше да потроши 4.500 денари. Сега истото семејство за да го наполни истиот резервоар треба да потроши 6.500 илјади денари месечно, тоа се трошоци од 2.000 денари дополнително само за полнење на резервоарот.

Ако тоа го пресметаме на годишно ниво гледаме дека откако Зоран Заев е премиер на Република Македонија едно семејство само за гориво троши 24. 000 денари повеќе само за гориво во текот на годината тоа е една ипол плата на ниво на година.

Од тие причини треба да се намали акцизата, и да се укине акцизата која што ја воведоа Заев и Тевдовски.

Втор пример, ако порано еден трактор за да го наполни резервоарот требало да потроши 3.000 денари денес истиот земјоделец за да го наполни истиот трактор треба да потроши 5.000 денари. Ако видиме дека секој земјоделец треба да го изора својот имот и своите ниви, најмалку три пати годишно доаѓаме до тоа дека секој земјоделец зависно од  површините кои што  ги одработува  треба да плати 6.000 до 10.000 денари повеќе за гориво.

Трет пример, ако ги погледнеме повратните билети низ Македонија гледаме дека тие одат нагоре. Неколку примери, во времето кога Заев стана премиер повратен билет на релација Скопје – Богданци беше 580 денари, сега истиот билет е 720 денари.

Порано месечна карта на релацијата Скопје- Куманово пред две години беше 2.500 денари, сега истата е 3000 денари. Тоа е значително зголемување.

Повратен билет на релација Скопје- Делчево беше 500 денари, сега е 730 денари.

Повратен билет од Скопје до Струга беше 650 денари, сега е 750 денари.

Значи примерите се навистина бројни. Ако ги видиме има огромен број на случаи,  докази и гледаме  и се чувствува тоа во економијата.

Ако треба сето ова коешто го кажав да го сумирам во триесет секунди  за вестите и прилозите коишто треба да се подготват тоа е следново:

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски во првите сто дена ќе ја укине дополнителната акциза на горивата воведена од Зоран Заев и Драган Тевдовски. Јасно е, евидентно е дека цените на горивото се енормно високи. Тоа го чувствува секое семејство. Секое семејство на годишно ниво со зголемувањето на цените на горивата во последните две години откако Заев е премиер месечно губи по две илјади денари, а на годишно ниво тоа се 24.000 денари.

Горе отидоа цените на билетите во автобускиот превоз. Дополнително плаќаат и земјоделците, така што јасно е дека трошоците отидоа горе. Одговорна влада треба ова да го препознае, одговорна влада треба да реагира. Но, факт е дека владата на Зоран Заев и неговите 28 министри е неодговорна влада. Одговорна влада ќе дојде. Промените ќе дојдат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја состави новата влада.

Пред десетина дена на изборите јасно беше преку бројките и резултатите којшто ги имаше Гордана Сиљановска Давкова дека ќе имаме 53 пратеници, а СДСМ 40.

Новата влада ќе ги донесе промените коишто се повеќе од неопходни за Македонија.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...