Глас за Пендаровски е глас за Заев и глас за коруптивната шема по принципот – „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“

Соопштение до јавноста

Стево Пендаровски е ист како Зоран  Заев. Глас за Пендаровски е глас за Заев и глас за коруптивната шема по принципот – „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.

Целата македонска јавност го виде Зоран Заев како бара мито од 1 евро по квадратен метар за легализација на земјиште, работа која е должен да ја заврши по сила на закон, а не за истото да бара мито. Самиот Зоран Заев во истото видео кажува дека секој бизнисмен кој легализирал земјиште претходно морал да плати мито.

Криминалната шема на работење од Струмица, Заев ја префрли на ниво на Република Македонија. Оттука глас за Пендаровски е глас за Заев и давање на легитимитет на криминалниот начин на работа.

Глас за Пендаровски е глас за три пати аболицираниот криминалец Зоран Заев. Глас за Пендаровски е глас и одобрување на криминалот со „Глобал“ тежок 8 милиони евра. Глас за Пендаровски е глас за аферата „Поткуп“ и одобрување на целото мито земено од Заев. Глас за Пендаровски е глас за одобрување на референдумскиот поткуп, кој Заев пред камери го призна.

Граѓаните сакаат промени. Граѓаните сакаат крај за криминалниот начин на владеење.

Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за промени. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...