Мицкоски: Нема семејство кое не се соочува со сериозни проблеми, но има надеж, мора и може да биде подобро

Денес имав чест да бидам во Црешево, општина Гази Баба. На граѓаните им го честитав големиот Христијански празник Воскресение Христово Велигден. Овој ден нека донесе среќа, добро здравје, и биреќет за секое семејство, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Жалната вистина за Македонија е дека денес граѓаните живеат лошо, со стегнати срца, со кнедла во грлото. Нема семејство кое не се соочува со сериозни проблеми, некаде е тоа егзистенцијална природа, некогаш тоа е неправда нанесена од системот, а некаде огромното мнозинство на блиски роднини и пријатели се веќе иселени. Имаме ерозија на, не само политичките, туку и општествените морални вредности. И не е тоа системот за кој се бореа нашите предци и тоа не е системот кој ние го посакуваме. Затоа постои разочараност на граѓаните. Но има надеж, мора и може да биде подобро, рече тој.

Мицкоски порача: „Посакувам и обединување и надминување на делбите, но не врз основа на тесногради лични интереси, туку темелено на заедничките интереси на Македонија. Бидејќи тоа е нашиот заеднички дом“.

 

Поврзани вести

Најгоре