Во интервју за Независен весник претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека партијата има јасна визија како Македонија треба да изгледа за 10 години, како да биде технолошки тигар на Балканот.

-Понудивте програма, ја нарековте „живот“, преку која требаше да се борите против слабостите на претходната влада. Вие сте веќе две години на власт и, наместо да ги решите тие слабости, вие ги продлабочивте. Тие се заробени во минатото, а ние имаме вистински план – како да се реформираат судството и обвинителството, затоа што тоа е есенција за подобра економија, за повеќе пари во буџетот, за повеќе субвенции. Имаме јасна визија како Македонија треба да изгледа за 10 години, како да биде технолошки тигар на Балканот и чекориме по тој пат, потенцираше Мицкоски.