Во Општина Кисела Вода незаконски се изведуваат градежни работи, се менува течението на Маркова река, и се загрозуваат животите на граѓаните

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода

Почитувани,

Додека во целиот свет секаде е забрането градење покрај речни корита во Драчево се случува токму спротивното и наместо општество за сите Македонија прерасна во општество за феудалците блиски до СДСМ.

Имено,  во Општина Кисела Вода се узурпира јавна површина, се менува течението на Маркова река, се изведуваат незаконски градежни работи, а притоа граѓаните на Драчево и околните места се должни да трпат ризик од поплавување како непосредна опасност од  незаконското менување на течението на Маркова река.

Загадена почва, загаден воздух поради градежниот шут кој што наместо во Дрисла со стотици камиони се пренесува и истовара на овдешната локација.

Можеби менувањето на течението на Маркова река ќе го разубави замокот на феудалецот близок до СДСМ, што за нас е најмалку важно бидејќи важни ни се животите на граѓаните и условите во кои живеат, па поради тоа ја прашуваме локалната власта но заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Господине Макрадули, дали се законски градежните работи и менувањето на течението на Маркова река? Дали овие градежни работи се спротивно на сте законски прописи во Република Македонија? Дали имате извршено надзор за да се уверите во каков ризик ги изложувате граѓаните на Драчево и на околните места?

Дали ќе понесете одговорност за соучесништво поради непостапување, можна материјална корист, загрозување на животната средина и најважно загрозување на животите на граѓаните?

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...