Ние во оваа кампања се обраќаме кон сите граѓани во Република Македонија без разлика на етничкиот етникум на којшто припаѓаат верската припадност.

Јас концесии немам никакви ниту спрема различни етникуми, различна веросповест, напротив тоа сум го кажувал и за време на кампањата дека различностите треба да тежнееме да не зближуваат и обединуваат, а не да разединуваат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во централниот дневник во Канал 5.

Тој посочи дека Зоран Заев е политичарот којшто со помош на клиентизам и романтизам се обидуваше да магнетизира гласови од различниот етникуми, и сето тоа му се удри од глава на овие претседателски избори затоа што луѓето сакаат поквалитетен живот, сакаат нови работни места, сакаат економија, сакаат правда.