Мицкоски: Изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилната партија поддржана од народот

Денес во централниот дневник на Канал 5 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека првиот круг од претседателските избори покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилна партија во која веруваат граѓаните на Република Македонија.

-Она што треба ние да констатираме после овие претседателски избори кои што ВМРО-ДПМНЕ е партија која што е број еден во Република Македонија, партија која што навистина во овие претседателски избори успеа да победи доминантно и освои 42.5% од гласовите од оние нашите сограѓани кои што одлучиле да гласаат на овие претседателски избори, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Коалицијата што застана позади професорката Гордана Силјановска Давкова односно околу идниот претседател на Македонија, не заборавајќи дека дел од партиите од коалиција „За подобра Македонија“ преминаа на страната на Зоран Заев се покажа успешно.

-ВМРО-ДПМНЕ заедно со кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова очекува силна победа во вториот круг и претседател на Република Македонија, појасни Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...