На централниот дневник на Канал 5 гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој за случувањата во ИВЗ запраша како тоа да не е информиран премиерот на државата, а припадниците на полицијата на која е неговиот министер извршиле упад.

-Она што е важно е дека претседателот на Владата, премиерот излегува на прес конференција и вели дека не бил запознаен. А, од друга страна гледаме како вооружени полициски сили го опколуваат седиштето на ИВЗ. Тие таму не дошле затоа што биле инспирирани од судската одлука, или своеволно се вооружале до заби. Таму некој ги пратил на задача. Тој некој е сигурно министерот за внатрешни работи кој е еден од најблиските соработници на премиерот, нагласи Мицкоски.

Мицкоски исто така посочи дека ние како граѓани имаме една груба , брутална лага која што денеска ја видовме од страна на премиерот.

-Односно да поентирам брутално мешање на државата во верските заедници, додаде Мицкоски.