Додека Гази Баба се гуши во огромни депонии, Јавното комунално претпријатие разнесува рекламни материјали за СДСМ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Живко Белчев, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Гази Баба

Почитувани,

Општина Гази Баба секој ден уназадува, ветените проекти на Борче Георгиевски остануваат мртво слово на хартија.  Во делови во нашата општина на граѓаните им се одзема дури и правото на чиста животна средина кое е загарантирано. Жителите се соочуваат со огромни проблеми, а надлежните од општина Гази Баба и градот Скопје се недопирливи и глуви на нивните апели.

На територија на Општина Гази Баба создадени се огромни депонии на смет и шут кој се носи од целиот град.

Во вечерните часови како што беше случајот и пред неколку денови со депонијата во населеното место Кирил Петрушевски се случува огромен смет да биде запален и директно да се загрозува здравјето на жителите.

Господине Георгиевски, вие и Петре Шилегов имате одговорност за последиците по здравјето на граѓаните во овој случај. Како е можно да го игнорирате ова злодело?

Дополнително алармот е вклучен со тоа што Јавното комунално претпријатие го претворивте во прибежиште на членови на СДСМ од месните организации и е тотално нефункционално за намената за која што треба да ја извршува.

Но секако е функционално кога треба да одработува за партијата СДСМ, како што вчера обелоденија дел од медиумите каде камион сопственост на ЈКП „Гази Баба 2007“ е фотографиран пред штабот на СДСМ како разнесува рекламен материјал.

ВМРО-ДПМНЕ и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со сите средства ќе се бори за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапува нивните интереси.

Поврзани вести

Најгоре