Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 Телевизија во емисијата 24 Отворено истакна дека Зоран Заев на митинг велеше дека не им дадовме предвремени парламентарни избори, само затоа што ќе ги прегазиме, еве сега видовме кој е прегазен на овие избори, вели тој.

-Ако направите анализа и ако ги распределите мандатите според изборни единици, во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 и ако одземете 50.000 гласа, кои што ги освои кандидатот на СДСМ, ДУИ и останатите, а за кои што ДУИ самиот кажа дека му ги дале, тогаш распределбата на мандатите ќе биде 53, наспроти 44, 14,9, тоа е новата политичка реалност во Република Македонија, вели Мицкоски.

Тој објасни дека во 2005 година имаше локални избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ освоило над 200.000 гласа, па по таа логика истакна дека резултатите не само што не се слаби, туку за него ова се историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ.