Во емисијата „24Отворено“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој при своето говорење истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та година доби власт со 304 илјади гласа, сега на претседателските има повеќе гласови.

Ќе ве потсетам дека во 2006-та година ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите со 304.000 гласа, посочи Мицкоски. Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година со 298.000 ги изгуби изборите од Бранко Црвенковски. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова е апсолутен победник бидејќи освои 42.5 проценти од гласовите на тие што излегле на овие избори и тоа е завршено, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека самиот факт дека во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ победило со освоени 304.000 гласа, тогаш нема што да се зборува за овие избори кога уште во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од тогаш.