Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено„  овие претседателски избори ги спореди со претседателските избори во 1999 и во 2004 затоа што во 1994 и во и 2004 година  претседателските избори беа со парламентарните, во 2009 беа заедно со локалните избори.

-Ние денеска на овие претседателски избори имаме 42.5 % освоени гласови од тие коишто излегле. Во 2016 година на предвремените парламентарни избори  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имало околу 38% од излезените. Во 2017 година  на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата  има 36% , значи 6,5%  имаме повеќе  гласови сега од вкпниот борј на излезени, истакна претседателот на партијата Мицкоски.

Тој рече дека не треба да се заборави и  тоа што неколку партии  ја напуштија коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се коалициони партнери на Зоран Заев.