Мицкоски: Ние нема да нудиме романтизам на Албанците, а да немаат луѓето водовод и канализација како што е реалноста сега

Ние нема да даваме национал – романтични понуди, не правиме разлика меѓу граѓаните. Ние по етнички состав не ги делиме граѓаните. Ние нудиме за сите граѓани иднина, вистински проекти. Национал-романтичарски платформи не се својствени за нас.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 24 телевизија.

-Треба реални понуди за сите и за Албанците. Не правиме разлика кој е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав и други. Не може да се нуди романтизам, а граѓаните да немаат водовод и канализација како што е сега. Каде е канализацијата во Арачиново? Смешно е и она што го говори премиерот, прашан кои патишта ги направиле, па почна со автопат, па не знаеше, па потоа регионални и тие не знаеше, посочи Мицкоски.

Тој укажа дека без разлика на етничка припадност ВМРО–ДПМНЕ се бори за правда за сите без разлика кој на кој етникум припаѓа.

Поврзани вести

Најгоре