Мицкоски: Како Заев сега вели ја разбрал пораката, а пред две години велеше има двајца министри корумпирани и уште не ги смени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 24 Телевизија во емисијата „Отворено“ истакна дека Заев пред две години велеше дека двајца негови министри се под истрага за сомнеж за корупција, а две години потоа ние не ги видовме кои се тие министри.

-Овој истиов човек велеше во оние последниве скандали за Фондот за технолошки развој, кога имавме распределба на средства фамилијарна, самиот излезе и рече ако ги сменам ќе немам со кого да работам, вели Мицкоски.

Мицкоски вели: „Заев е копија од еден филм кој зема метла прави театар со еден поранешен директор во театрите, и очекува граѓаните да му веруваат на година дена пред редовните парламентарни избори“.

Тој исто така истакна дека политиката на Зоран Заев ќе доживее класичен дебакл на парламентарните избори.

Поврзани вести