Мицкоски: Граѓаните не потклекнаа на лагите на власта, апсолутен губитник е Заев и СДСМ

Во денешната емисија на 24 Вести, гостува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој говореше за исходот на првиот круг од претседателските избори.

-Апсолутен губитник на овие избори е Зоран Заев и СДСМ. Не само анализа ако правиме виза ви локалните избори 2017-тата година туку и предвремените парламентарни избори 2016-та година. За мене е поважно што граѓаните на Република Македонија не дозволија повторно да бидат излажани од страна на овој политичар и од страна на таа политичка гарнитура, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тој е свесен за целокупната романтична порака која што ја презентираа преку сите оние обиди за поткревање на очекувања кај граѓаните дека само што не им пошло од рака, но сега се ќе завршат што ветиле.

-Но за среќа граѓаните ја препознаа вистинската порака, ја препознаа вистината и дадоа доверба на кандидат за претседател од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, рече Мицкоски.

Поврзани вести