Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски смета дека Зоран Заев не направил ништо и со метлата најавил театар за широки народни маси. Според него, Заев добил шлаканица од народот, тоа е прво и основно што му се случило, токму од оние кои му веруваа во предизборието.

-Даваше гаранции кај Претседателот на кои се поплука апсолутно и народот му возврати. Сметам дека ова му беше казна поради лошата надворешна политика која ја водеше. Театарот со метлата, луфтирања, реконструкции, е веќе видено во политичките кругови. Заев ништо не му испорача на народот, ниту еден проект од здравството, економијата, образованието, земјоделието и така натаму, па дури и со протоколот за НАТО сега има проблеми откако Турција се закани со барања. Соочен со бездната во која што треба да пропадне, проба да глуми дека е освестен и дека ја разбрал пораката од народот. А и да направи чистка, не верувам дека Заев и СДСМ имаат подобар кадар од она што досега го испорачаа. Генералката се очекува, да но, по вториот круг од претседателските избори и таа ќе биде од народот, дециден е Михајловски.