Граѓаните избраа право и правдина, затоа ја избраа Гордана Сиљановска Давкова

Соопштение до јавноста

Стево Пендаровски загуби. Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ загуби во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и во уште четириесетина општини.

Граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните ја избраа Гордана Сиљановска Давкова.

Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот.

Граѓаните знаат дека ако биде избран Пендаровски тоа ќе значи уште повеќе криминал, корупција и непотизам.

Никој повеќе не ги поддржува Заев и неговите негативни политики.

СДСМ нема капацитет да се отргне од матрицата на криминогеност. Глас за Пендаровски е глас за криминалите на Заев.

Пендаровски и Заев се 102.5% исти.

Неработата е синоним за СДСМ.

Две години власта не направи ништо за граѓаните. Потрошени се 7 милијарди евра буџет, а од тоа граѓаните не гледаат никаква придобивка. Нема инвестиции, нема проекти.

Истата таа власт која потроши цели 7 милијарди без некој да знае на што сега излегуваат и се сликаат како чистат и одржуваат комунална хигиена, нешто што им е законска должност, а не проект со кој треба да се фалат.

Граѓаните не се нискоинтелегентни за да наседнат на форите на Заев и Пендаровски.

Граѓаните видоа дека Заев и Пендаровски лажат. Граѓаните ќе гласаат за право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...