Мисајловски: СДСМ почнува огорчено да вика по народот на нивните собири

Во денешното издание на емисијата „Отворено“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски рече дека според аналитичкиот центар во неговата партија и направените анализи, во првиот круг на претседателските избори, народот ги казни СДСМ и ДУИ.

-На нивните собири почнуваат сега и да викаат по народот, се гледа дека се огорчени. Многу функционери на СДСМ се тргаат на страна и не му ја даваат поддршката на Пендаровски. Тие немаат ниту кампања, постојано велат ние сме за ЕУ и НАТО, еве и ние, ВМРО-ДПМНЕ, сме за ЕУ и НАТО, но со право и правдина.

Според симулациите во ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски рече дека доколку сега се случат предвремени парламентарни избори со излезеност, ВМРО-ДПМНЕ ќе формира нова Влада на Република Македонија со освоени 53 пратенички места, СДСМ би освоиле 40-43 пратенички места, а доколку Беса и аАлијанса на Албанците формираат коалиција, би освоиле 12-13 мандати.

-СДСМ јако тоне, а ВМРО-ДПМНЕ се качува нагоре, заклучи Мисајловски според анализите во ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...