Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, случувањата во ИВЗ не се случајни.

Тој во вечерашната емисија „Топ тема” на ТВ Телма рече дека висок функционер на СДСМ и коалицијата, е многу заинтересиран за промена на раководството во ИВЗ.

-Јас не се мешам бидејќи ниту сум член на ИВЗ, но се согласувам со тоа дека верниците треба да одберат кој ќе биде поглаварот на верска заедница, било дали се работи за христијанска или муслиманска. Тој функционер во Собранието веќе подолго време најавува, иницира и бара зголемен притисок од државата кон ИВЗ. Тоа тој го кажува и јавно на медиуми, и моето мислење е дека дел од овие случувања во ИВЗ се и политички вмешувања на високи партиски функционери на владеачката коалиција во ИВЗ, вели Милошоски.