Одговор на новинарско прашање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Господине Мицкоски така ја започнавте и прес конференцијата во однос на обезбедувањето на цензусот, за можните калкулации што власта ги најави околу изборот на претседателот. Дали се точни информациите дека сте имале средба со Али Ахмети и дека на таа средба сте му ветиле излезност?

Одговор: Видете, несериозно е да коментирам несериозни изјави. Јас цело време зборувам јавно дека во Македонија правдата ќе ја победи неправдата, толку тоа го правам недвосмислено што мислам дека апсолутно нема простор за никаков сомнеж во однос на тоа. Не сум имал таква средба и не сме разговарале на таа тема со господинот Али Ахмети. Но, доколку ја погледнете изјавата кој  што ја даде претпоставувам се реферирате на изјавата од вчера дадена на Клик Плус на една телевизија, ќе видете дека оние портали и медиуми блиски до Заев Зоран и неговата група, комплетно ја извртија изјавата бидејќи изјавата се реферира не на наша средба, туку на моите изјави дадени на митинзите и во јавноста и ако се преведе како што треба да се преведе, јасно кажува таму дека се повикува на тоа што јас го говорам во јавноста, а не на некаква наша средба, а ниту пак станува збор на некакво ветување.

 

Поврзани вести

Најгоре