Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ е консолидирано и обединето

ВМРО растеше континуирано заедно со народот ги учеше лекциите и т.н. и денеска можам да кажам дека ВМРО ДПМНЕ е повторно политичка партија број 1 со убедлива предност пред СДСМ обединето и сплотено кажа претседателот Мицкоски во вечерашната емисија „Отворено“ на Телевизија Алфа.

Имено, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека голем дел и од препознатливите ликови на ВМРО ДПМНЕ се активни на терен и работат и потенцираше дека нема поголемо задоволство за лидер на политичка партија кога ги гледа луѓето како вредно работат , и веруваат во идејата во ВМРО ДПМНЕ и веруваат во Македонија.

– Јас сум презадоволен и од месните комитети и од општинските комитети, потоа од Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани, од пратениците, од останатите функционери во партијата , комисиите и т.н. . Буквално направивме инвазија во Република Македонија ја проширивме идејата за една нова поинаква држава каква што сакаме да ја градиме кажа Мицкоски.

Поврзани вести