Мицкоски: Очекувам гласови од сите заедници, ние се бориме за принципи, а не за застарен романтизам

Во своето гостување во вестите на Алфа телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност да се придружат на опозицијата за заеднички да ја кренат Македонија како што вели тој од пепелта во која е сега поради власта на Заев и СДСМ. Тој истакна дека очекува гласови од сите заедници, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се бори за принципи, а не застарен романтизам.

-Ние се бориме за систем за вредности да инсталираме, политики базирани на принципи. Јас не сум преоптоварен, ниту пак имам било какви националромантичарски концесии. Во принцип сакам да понудам вредности кон сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, без разлика на наивната етничка припадност. Ова е наша заедничка татковина, јас сум Македонец од Македонија и си ја сакам државата. Но без разлика ако граѓаните не се од македонскиот етникум и се од други етникуми тие луѓе се родиле во оваа држава, формирале семејства, се образувале, се радувале, тагувале и најверојатно најголемиот дел од нив ќе го завршат животот во Македонија. Си ја сакаат оваа држава. Се чесни граѓани. Луѓе кои што навистина си ја сакаат татковината. Нашиот повик е ајде сите заедно да направиме нов систем на вредности кои што оваа држава ќе ја дигнат од пепелта во која ни ја оставаат овие другиве. Затоа ги повикувуам Албанците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Еѓипќаните сите буквално сите етникуми во Република Македонија е да ни се придружат заеднички да ја кренеме Македонија, вели Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...