Мицкоски: Избор на претседател во Собрание е монархистички потег на власта, со кој се укинува правото на глас

Елементарното демократско право се одзема на граѓаните со избор на претседател со Собрание. Од Македонија сакаат да направат апсолутистичка држава или монархија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа.

-Според тоа што го спомнуваат избор на претседател во Собрание, не даваат суверенитет граѓаниите, а токму се тие кои даваат суверенитет на политичарите. Тука монархот, во случајот Зоран Заев е тој кој со малата група на послушници во парламентот ќе си прогласи промени на Уставот, па ќе си бираат претседател, рече Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа нема никогаш да се согласи.

-Нема да се согласиме со апсолутистичко и морахистичко однесување, немаме намера да влеземе во дебата на таа тема. Се знае волјата на народот е приоритет, а народот ја кажува војата на избори, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Најгоре