Со исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите неколку дена пред изборите, власта се обидува да купи гласови

Соопштение до јавноста, реакција на изјава на Хари Локвенец

Тутунарите конечно ги добија заслужените субвенции од државата за макотрпната работа бидејќи власта конечно одлучи да не ги краде сите пари туку да одвои дел кој што им следи на земјоделците.

Со исплатата на субвенциите за тутунопроизводителите само неколку дена пред изборите, власта се обидува да купи гласови и со тоа да ги надомести загубените гласови поради погубните политики изминативе 2 и половина години.

Љупчо Николовски ги потценува тутунарите мислејќи дека нивното достоинство е исто како достоинството на Заев. Тутунарите како и сите граѓани во Македонија веќе се определија и нивниот глас не може да биде купен. Тутунарите се определија за чесност и достоинство, за Гордана Сиљановска Давкова и правда за Македонија.

Ваквото подмолно однесување на власта, уцените, заканите и притисоците нема да поминат. Народот нема повеќе доверба во оваа криминална и одродена власт, нема доверба во аболицираниот Зоран Заев и другата страна паричка, Хилтон кандидатот Стево Пендаровски. На 21 април и 5 мај граѓаните ќе кажат не за  Стево Пендаровски, не за Зоран Заев и не за погубните политики на СДСМ, ќе ги испратат овие ременисценти од мрачната транзицијата, во политичка пензија.

По извесниот пораз за СДСМ на претседателските избори секој еден кој се огрешил пред законите за време на предизборната кампања и изминатите две и половина години ќе одговара. А ќе одговараат и сите оние кои сега го амнестираат криминалот. Граѓаните се одзваа на повикот на татковината, правдата во Македонија доаѓа!

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...