Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Имам прашање во врска со вчерашната седница на антикорупциска која што  покрена две кривични пријави против  градоначалниците на Штип и на Гази Баба и во однос на исплатата на субвенции на лозарите. Градоначалникот на Штип денеска вели дека ќе ја обжали одлуката посочи дека не поткупувале гласачи туку давале дрва на сиромашни. Ме интересира еден став бидејќи вие ги поднесовте тие жалби до ДКСК.

Одговор: Ова е само доказ на нашето посочување дека  СДСМ максимално ги злоупотребува државните ресурси и ги крши законите во целиот овој предизборен период. Докази има безброј и претходно имало поднесувано,а и ќе поднесуваме  еве се уште тече кампањата.  Сведоци за таквото делување сте и вие медиумите  и сета домашна и меѓународна јавност. Државните институции и јавните претпријатија мора да се ослободат од притисоците и да преземат мерки да не бидат узурпирани волјата на гласачите во овој предизборен период, а во насока на нивната волја, изборна. Освен овие примери кои што антикорупционерите одлучија да ги отворат, постојат и низа други еклатантни примери на кршење на законите.  ДКСК мора да преземe одлучни акции и санкционирање на незаконитоста, токму водени од принципот на законитост.

Рековте антикорупциска ги прифати приговорите за случаи  кои се очигледни за сите. Станува збор  незаконско работење односно за  кршење на изборниот законик и на законот за спречување на корупцијата, недозволиви криминогени делувања со поделба на дрва во Штип каде се вклучени повеќе државни и јавни претпријатија заедно со штипската самоуправа, потоа делување кон земјоделците- морам да појаснам дека субвенциите требаше да бидат исплатени во февруари најдоцна март, согласно оној роковник за исплаќање на земјоделците, како што го велат и календар за субвенции, а не среде април, среде кампања,  како и исплатата на обештетувањето на лозарите- тоа е преземен долг којшто не е редовна, туку вонредна исплата. Се знаеше дека следуваат избори и  дека е предизборен период и направена е малверзација токму во часови токму во насока на исплата на пари во предизборие. Постои интенција тука, очигледна е на сите.  Сметаме дека Јавното Обвинителство ќе има полна раце работа овој период . Антикорупционерите се одважија,  ги прифатија и приговорите ќе продолжат и понатаму, очекуваме и  обвинителите да се одважат и да го надминат притисокот очигледно над нив, бидејќи претходно поднесувавме до Јавното Обвинителство за слични примери, поднесоци но се уште нема никаков резултат. Немам никакви известувања од таму.

И од тука може да кажам ова е само продолжено делување на власта, поучена од токму онаа  условната неказнивост којшто помина во референдумската кампања- но, и би потсетил дека тогаш немаше антикорупциска комисија.

Поврзани вести

Најгоре