Милошевски: Без стратегија за туризам, во Охрид не може да има развој

Kандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски на телевизиска дебата на МРТВ истакна дека не може да се направи чудо, но мора да се донесе стратегија, нема друг начин на развој, без наука и стратегија.

Тој вели дека влегува во оваа кампања со чисто срце, со чист образ, како граѓанинот Митре Милошевски со една стратегија, со една визија дека некои работи мора да мрднат од мртва точка.

-Идејата ми е да се насочи патот на развој на туризмот, факт е неоспорен имав средба со сите туристички работници нема стратегија за развој, не можете да се запишете на некој факултет, а нема програма за учење и за работа, како ќе се развиваме без стратегија, посочи Милошевски.

Објасни дека немањето стратегија е еден штос на власта да се работи кампањски и да се обвини потоа дека таква е состојбата и истакна дека повеќе во Охрид не може да се работи кампањски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...