Апсурдната изјава на Костадинов најверојатно ја пишувал Бајруш Сејдиу или друг осуден криминалец кој му слугува на Заев

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Апсурдната изјава на Костадин Костадинов најверојатно ја пишувал Бајруш Сејдиу или некој друг  осуден криминалец кој му слугува на Зоран Заев.

На собирите на СДСМ за поддршка на Стево Пендаровски секојдневно гледаме осуденици или познати криминалци кои се едни од најголемите должници на државата и притоа осудени за малверзации и злосторничко здружување.

Впрочем јавноста токму вчера беше сведок на малтретирање, напад и насилно внесување на новинарска екипа во Општина Арачиново чиј што градоначалник е токму од редовите на СДСМ. Ова е уште еден напад на новинар од страна на власта, претходно бевме сведоци како владини служби и вицепремиер јавно се закануваа и напаѓаа новинари.

На партиски собир на СДСМ, членови на партијата се закануваа дека ќе ја нападнат ДИК со пиштол и притоа никој од власта не реагираше.

Лицемерието на власта не запира тука. Бараат осуда за настаните од 27-ми април, а сите знаеме дека власта направи селективна амнестија за овој случај, со цел да добие уставни измени.  Тие кои ги отворија вратите и дозволија да се случи насилството беа амнестирани на барање на Зоран Заев, деспотот и шефот на Костадинов и Пендаровски.

Позади партиите кои го избраа Пендаровски стојат бројни нерасчистени убиства, слобода за убијците од Смилковско, напади на полицајци од страна на функционери, слобода за над 800 криминалци и секојдневни нерасчистени мафијашки пресметки и убиства во центарот на Скопје.

Откако е СДСМ на власт криминалот  и насилниците царуваат со улиците, а токму  власта се стави во заштита на криминалот.

На Република Македонија и на граѓаните не им е потребен Пендаровски кој ќе му слугува на Заев во заштита на криминалот. На Република Македонија и треба бескомпромисен борец за правдата, законите и Уставот, а токму таков борец е професорката Гордана Сиљановска Давкова. Татковината повикува.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...