Заев и Николовски го доведоа земјоделието пред колапс

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Власта предводена од Зоран Заев земјоделието го доведе пред колапс.

Заев и Николовски се што ветија на земјоделците ништо не остварија.

Напротив земјоделците добија пониски откупни цени, а субвенциите кои ги следува се драстично намалени. А, што е уште пострашно не ја добија и долго најавуваната зелена нафта не ја добија.

Заев пред избори ветуваше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да откупи, истиот ветуваше поголеми откупни цени, за сега ништо од тоа да нема.

Можеби Николовски и Заев имаат розеви наочари и не ја гледаат реалноста, но земјоделците не  носат розеви наочари и за нив асоцијација за владеење на СДСМ е еднакво на временска непогода, бидејќи тогаш ништо не добиваат туку само губат.

Земјоделието со владата предводена од СДСМ  е на  колена. Земјоделците се на раб на егзистенција. СДСМ мора да си замине. Оваа влада донесе само хаос за земјоделието.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре