Нападот врз екипата на ТВ 21 е одраз на недемократскиот амбиент во Македонија во кој што медиумите се под постојан притисок од власта

Соопштение до јавноста

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува нападот и малтретирањето на новинарската екипа на ТВ 21. Насилното внесување на новинарската екипа во општинската зграда е мафијашки обид за грабнување кој покажува колку криминалците се чувствуваат моќно и колкава заштита имаат во власта.

Заканите за бришење на снимките се закани врз слободата на говорот и обид да се замолкне секоја критика врз ненародната власт. Нападот врз екипата на ТВ 21 е одраз на недемократскиот амбиент во Македонија во кој што медиумите се под постојан притисок од власта или структури блиски до власта.

Денешниот молк на министерот Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи е доказ дека централната и локалната власт стојат зад насилниците.

ВМРО ДПМНЕ инсистира власта веднаш да се обелоденат виновниците за скандалот и истите да бидат изведени пред лицето на правдата. Јавноста треба да знае кои се партиските моќници што се обиделе да бришат новинарски снимки. Кому му пречи објавување на критиките на жителите на Арачиново за неостварените ветувања на Зоран Заев на претходните избори ? Кому му пречи да се слушне гласот на обичниот граѓанин од Арачиново дека бил излажан и за ветената канализација и за водоводот и за целосната локална инфраструктура ?

Тоа што Зоран Заев и Стево Пендаровски цел ден не спомнуваат ниту збор за инцидентот, покажува дека заштитата на локалните насилници за нив е поважна од заштитата на демократијата и правото на слобода на говор.

ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува медиумите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на власта или насилници кои уживаат институционална поддршка.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...