Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини Зоран Заев за неискреност со оглед на неговите ветувања за носење на правда во Македонија, за сега да вели дека тој не можел да врти по обвинители и судии, за да се оправда.

-Сосема случајно на први април, јас мислев е шега тоа арпилилили, јас мислев е шега тоа, кривичниот совет носи одлука дека се ослободува премиерот. Па барем да почекаа кампањава да завршеше. Барем да почекаа. Знаете навредува сето тоа. И сега некој ќе излезе и ќе каже судството е независно, вие што очекувате јас да вртам телефони. Па тогаш немој да излегуваш и да кажуваш дека јас имам тоа и тоа и дека ќе го решам. Тогаш молчи си. Ако никој од тебе не очекува дека ти утре ќе вртиш телефони, тогаш немој барем да креираш такви очекувања. Тогаш биди чесен и кажи дека не можам јас луѓе да ви помагам. А ти ги креираш тие очекувања од својство на премиер создаваш амбиент во јавноста и како очекуваш тие луѓе понатаму да функционираат, вели Мицкоски.