Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија 21 истакна дека Македонија е држава во која има политички затвореници кои се затвораат со измислени службени белешки.

– Во Македонија има политички прогон, имаме луѓе кои што со тупаници беа нападнати во затвор, а се поранешни министри. Не е тоа баш сосем случајно, никој не знае, кој, зошто и каков бил мотивот, посочи Мицкоски.

Тој истакна дека тоа што денес се случува со политичките притворања во Македонија е како во „Среќна нова 49-та“ , затоа што само таму луѓе се затвораа со службена белешка

– Оперативецот на од МВР доставува белешка до одговорниот дека постои опасност овие луѓе да избегаат и дека тие луѓе оствариле контакт таков и таков се разбира сето тоа е измислено. И тогаш некој во МВР, во судството и обвинителство носи одлука дека постои опасност од бегство и го затвораат човекот,. Тоа не е еден случај такви случаи имавме неколку, вели Мицкоски.