Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21 нагласи дека начинот на кој е избран Стево Пендаровски за заеднички кандидат за претседател е на мафијашки начин, додавајќи дека граѓаните гледаат кој застаанл позади него а тоа се транзиционите политичари кои не работат во интереси на Македонија и за граѓаните.

Според него Пендаровски е олицетворение на Зоран Заев и на сите негативни појави на власта на СДСМ

-Тој за мене еве лично јас сум го кажувал тоа и еве повторно ќе го кажам, тоа е хилтон коалиција таму собрана. Па видете кои луѓе таму застана позади него, цела транзиција ја имате таму позади него построена. Сите овие лоши работи што вие сега ми ги кажувате е олицетворена во тие луѓе што се позади Пендаровски Стево, сите од прв до последен, истакна Мицкоски.