Мицкоски: Неправедни се казните за 27 април, поротник си даде оставка затоа што не сакаше да учествува во монтираниот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 повторно ја истакна неправдата нанесена при изречувањето на пресудите за 27-ми април кога судот досуди драконски затворски казни за обвинетите во времетраење од 211 години. Имено тој констатираше дека целиот случај е една политичка монтировка, притоа посочувајќи го судијата поротник кој демонстративно даде оставка затоа што не сакаше да биде дел од такво судство.

-Но ако ме прашувате дали се драконски казните, да драконски се тие казни и екстремно големи. Знаете еден поротник и оставка си даде, не знам дали го знаете тој податок. Еден од поротниците си даде оставка, токму поради тоа што се нечистите казните од 2 века и кусур. Поротник мислам дека сите се сменети. Затоа што однапред се знаела пресудата, поротниците немало време да влијаат на таа пресуда, вели Мицкоски.

Поврзани вести