Претседателот Христијан Мицкоски во вечерашната емисија Клик Плус на ТВ 21 истакна дека најголем проблем во Република Македонија е иселувањето на граѓаните бидејќи не се задоволни од политиките на актуелната власт на Заев и СДСМ.

-Мислев дека ќе разговараме за отворање на повеќе работни места, за патишта, за инфраструктура, за реновирање на училишта, болници. Како луѓето денеска со автобуси ги напуштаат градовите во Македонија, вели претседателот Мицкоски.