Ќе го победиме заевизмот и заедно со Гордана Сиљановска Давкова ќе дојде нова горда и достоинствена Македонија

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Делчево.

Мицкоски пред присутните посочи дека после поминати илјадници километри низ државата секаде граѓаните ја споделуваат маката, и дека нема ништо од големите ветувања и очекувања кои овие измамници од врхушката на СДСМ ги ветуваа , затоа сите се одлучни дека мора да се случат промени, мора да се каже не на заканите, и уцените и да си ја ослободиме Македонија.

Изборот е јасен,  ја имаме онаа скапа транзициона хотел коалиција, ги видовме застанаа позади Стево Пендаровски сите оние ликови од транзицијата кои што донесоа само лоши работи меѓу нашите сограѓани. Кои во периодот на транзицијата  тие кумуваа на многу човечки судбини. Од друга страна го имаме борецот кој што е заштитник на правото и правдината, жената која што никогаш не прави компромис со законите и Уставот туку секогаш бескомпромисно ги применува. И затоа изборот е јасен, тоа е професорката Гордана Сиљановска Давкова, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека си имаме работа со измамник кој пред малиот собир за поддршка на Стево Пендаровски лажеше дека го зајакнал идентитетот, а сите се сеќаваме дека пред околу десетина дена се срамеше да ја построи македонската гарда и воениот оркестар да ја интонира македонската химна, се срамеше од „Денес над Македонија се раѓа“ и од тоа дека „Македонците се борат за своите правдини“.

Истиот овој политички измамник, кој што  ветуваше живот, а донесе пекол се срамеше да каже на  кој јазик зборуваат жителите на северна Грција, а е различен од македонскиот.  Се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои зборуваа македонски јазик, кои што пеат македонски песни и играат македонски ора.  Тој човек ниту смее ниту има  право ниту има чест и достоинство да зборува за идентитет, затоа ни е потребна победа на 21-ви април толку голема што со овие политички измамници засекогаш ќе расчистиме, нагласи Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека нив ги интересираат само пусти пари, додека ВМРО-ДПМНЕ последната мисла со која легнува и првата со која станува е Македонија и македонскиот народ, и во тоа се различни, затоа што тие се срамат од сопствената земја, историја,традиција и тоа како сидро не им дава да одат напред, додека ВМРО-ДПМНЕ се гордее со сопствената традиција, историја и тоа е нашето едро во кое дува ветер и ни дава гордо и достоинствено и со крената глава да одиме напред.

Во Европа не се оди по принципот на Мирчо свињарникот „евро за Вицето и евро за црквата“, такви во Европа не сакаат, во Европа  не се оди по принципот „живи луѓе ќе јадеме“, во  Европа не се оди со измислени обвиненија и диктирани судски пресуди, во Европа не се оди со закани и уцени. Во  Европа се оди со честити луѓе подготвени за структурни реформи, а тие единствената реформа која ја направија е најболната а тоа е тргуваа со најмилото а тоа е нашиот со векови создаван идентитет, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека во Македонија нема ништо од ветувањата и големите очекувања и дека граѓаните секаде се среќаваат со неправди откако СДСМ е на власт, неправди кај младите на кои им ветуваа работа, реновирани студентски, младинска гаранција, а денеска ако не сте роднина на Мира Дизел, тешко дека ќе најдете работа, неправда е и тоа што ставаа чевли пред влада како симбол за иселувањето а денеска според непотврден податок само за една година над 100.000 наши сограѓани ја напуштиле државата и не се вратиле.

Неправда е кога ќе ветувате дека ќе имаат загарантиран откуп, поголеми субвенции,  помош,  а денеска кога сте власт оние во Ресен ги сечат дрвата, затоа што еден килограм јаболка е еден денар, Тука во Пијанец и Малешевијата  сливите се истураа немаше кој да ги откупи, во Кочани оризот е во амбарите и нема кој да го откупи, исто со праските во Росоман и раноградинарските производи, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека филозофијата на заевизмот „кажувам, заборавам, негирам“ мора да се победи и токму затоа побара масовна поддршка на 21-ви април и 5-ти мај за професорката Гордана Сиљановска Давкова,  за се отвори вратата за предвремени парламентарни избори и да дојде нова Македонија, а не ваква како сега понижена и омаловажена  и конечно да изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Република Македонија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...