Ѓорчев: Заев и СДСМ да кажат по кои критериуми ќе ги спроведуваат масовните отпуштања после изборите

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Изминативе два дена Зоран Заев не даде никаков одговор, на кој начин и врз основа на кој критериум ќе ги спроведува масовните отпуштања и бркање од работа од јавниот сектор.

Во изминативе две години политиките на Зоран Заев, Владата и нивните 28 министри доведоа до тоа да Македонија има историски најмногу јавна администрација 150.000 луѓе. Фрапантна администрација од 150.000 луѓе како последица на 20.000 нови вработувања од кадровските списоци на СДСМ.

Значи кадровските списоци на СДСМ донесоа граѓаните на Македонија, народот преку даноци и економијата да плаќаат 20.000 нови партиски војници. И да дојдеме до фрапантна и невидена досега бројка од 150.000 луѓе во јавниот сектор.

Откако ја преполни, буквално ја преполни јавната администрација со 5 луѓе во една канцеларија, заради вработување на своите партиски војници преку принципот на Мира Дизел, Зоран Заев сега најавува масовни отпуштања од јавниот сектор.

Кои ќе бидат критериумите со кои што тие отпуштања ќе ги спроведе Зоран Заев? Дали тоа значи дека на отстрел ќе бидат професионалците, дека непослушниците ќе бидат на црна листа на СДСМ, во која што било кој ќе се дрзне да им се замери на било кој начин или да не им се допадне ќе биде санкциониран.

Преседанот е дека оваа опасност ги демне луѓето кои што се вработени во образованието, во здравството, во армијата, во полицијата, во општините и во целиот јавен сектор.

Два дена молчат, никој ништо не кажува, а гледаме дека секојдневие се десетици и десетици нови огласи за вработување. Кој ќе ја плати таа армија на ново вработени? Кој ќе го издржува тоа? Што ќе работат тие луѓе? Ако веќе има превработеност зошто буквално секој ден се отвораат десетици и десетици нови огласи, за стотици и стотици вработувања. Катастрофалната состојба која што треба да се сумира во 30-тина секунди затоа што знам дека толку е периодот кој што може да се одвои на вести е следново:

По кои критериуми Зоран Заев ќе ги врши масовните отпуштања и бркања од работа на неподобните луѓе кое што го најави во своето интервју а има намера да го спроведува после изборите. Неговите партиски вработувања 20.000 на број ја доведоа Македонија да има 150.000 вработени во јавната администрација со огромна превработеност. Зошто сето ова и го прави на Македонија?  И кога сето ќе се собере и одземе коа ќе видиме партизирањето  кое ни се случува коа ќе ви видиме политиките кои што се спроведуваат имаме еден поразителен, поразителен тренд, а тоа е масовно иселување и заминување од Македонија. Затоа што продуктивните луѓе оние кои што работат оние кои што создаваат не сакаат да ги тераат хировите на власта, семејството на премиерот и сите оние околу него.

Таа свита бара огромно одржување и издржување а народот едноставно не сака да го поднесе сето тоа. Видете тоа е она кое што сакаме да го порачаме денес навистина јас немам каков коментар да дадам на сето ова. Внимавајте Македонија дојде до тоа да има 150.000 луѓе во јавна администрација. 150.000 луѓе, па не гласаа луѓето за ова не го ветуваа ова по плоштадите и улиците. 150.000 луѓе кој ќе го издржува тоа? Огласи по нови 100 вработувања, 200 вработувања, 50 вработувања. Во секоја институција изгласаа да има заменик директор, во секоја институција која што има директор секоја мора по закон да има заменик директор.

Срамота е тоа, срамота. Со кабинети со привилегии со институции кои што имаат по 10 вработени им изгласаа да имаат заменици директори. Клати врата земја плата и народот треба тоа да го плаќа. Катастрофа. Ужас, буквално ужас.

Новинарско прашање: Сакам да ве прашам за апликацијата што вчера од тимот на Силјановска ја обелоденија. Дали имате вие некои сознанија за што се работи и дали може и вие како партија ќе поднесете некоја претставка до институциите?

Одговор на новинарско прашање: Апсолутно ќе има реакција до институциите, но немаме доверба во институциите. Она што го гледаме, тоа е евидентно. Желбата да се контролира се, секој да се следи, секој да се прислушкува, да се знае секој каде, што и како прави. Ова апликација може да се однесува на стотици илјади граѓани на Македонија и тоа длабоко, длабоко  задира во приватноста на граѓаните и гласачите, затоа што ако тие може да следат кој, каде се движи, каде бил, што лајкувал, што напишал, како напишал  итн. Тоа е веќе набљудување, тоа е веќе следење. Никој не им дал право на господата од СДСМ толку да навлегуваат во приватноста на луѓето, за нив стана навика да влегуваат во приватноста на луѓето и да прават што сакаат. Катастрофа.

Новинарско прашање: Ја имате ли вие таа апликација, бидејќи од вчера имаме сознание дека е повлечена?

Одговор на новинарско прашање: ИТ тимот којшто го имаме работи на оваа тема но, она што го имаме како информација се навистина загрижувачки. Значи, внимавајте некој да се осмели, без око да му трепне, до таа мера да ги следи и да ја нарушува приватноста на илјадници , илјадници граѓани, само затоа што се гласачи, да кажуваат каде одат, што лајкуваат, како пишуваат, каде се движат итн. Тоа е буквално една афера којашто можеме да ја наречеме „големото око“. Навика  стана на СДСМ, до таа мера да се чувствуваат недопирливи, да прават што сакаат и да едноставно ја нарушуваат приватноста. Но, ова сакам да го кажам, прво граѓаните се чувствуваат непријатно затоа што им е нарушена приватноста, второ колку СДСМ и да ги следи, колку и да гледаат што прават, нивно е правото како ќе гласаат зад параванот, и трето треба да им вратат на оние коишто им ја нарушуваат приватноста оние коишто сакаат буквално да ги надгледуваат, да им вратат со гласање против нивниот кандидат, затоа што ова е срамота што го прават.

Новинарско прашање: Дали имате сознанија чие е комбето „Бојкотирам“ што деновиве кружи низ Скопје и уште еднаш вашиот став за дали сте вие за бојкот?

Одговор на новинарско прашање:  Не. Повикуваме граѓаните на Република Македонија  масовно да излезат на претседателските избори и да гласаат за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова, за правда во Македонија.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...