Треба Македонија да ја креваме од пепелта од која што овие политички измамници од врхушката на СДСМ ќе ја остават

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Гази Баба.

Мицкоски пред  присутните истакна дека после поминати илјадници километри низ државата, и средби со илјадници граѓани единствената работа која секаде се слуша е маката и тешкиот живот, неисполнети ветувања и нереализирани очекувања, и граѓаните се едногласни и обединети околу едно,  а тоа е дека мора да дојдат промени и мора оваа власт да си замине.

Потребен е голем триумф за да можеме овие политички измамници да ги пратиме на темната страна на политичката историја во Република Македонија, а веднаш потоа следуваат предвремени  парламентарни избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во коалиција со народот.  Треба Македонија да ја креваме од пепел, од оваа пепел која што овие политички измамници од врхушката на СДСМ ќе ни ја остават, затоа ни е потребен   секој еден човек во обновата на нашата татковина, да ја вратиме Македонија онаму каде што и е местото на вистинската патека,  на не на ова омаловажената, опљачканата и криминалната, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека овие измамници не се срамат да тргуваат со државните и националните интереси и притоа да лажат дека го зацврснале идентитетот,  а сите се сеќаваме како не така одамна Заев кога на гости му дојде Ципрас се срамеше да слушне од македонската химна, од тоа дека „Денес над Македонија се раѓа“ и „Македонците се борат за своите правдини“ .

Истиот кој се препелкаше и не знаеше да даде одговор на прашањето каков јазик говорат луѓето кои живеат во северна  Грција, а е различен од грчкиот. Се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои говорат македонски  јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора. Им се урна како кула од карти сето тоа, пред зградата на Владата на Република Македонија,  а во сето тоа соучесник и негов поддржувач е Стево Пендаровски. Едниот не се срами да каже дека е 102,5% како Заев, тоа е иста паричка со лице и опачина,  нагласи Мицкоски.

Тој потенцираше дека изборот е јасен, од една страна го имаме Стево Пендаровски позади кој стојат транзиционите политичари и криминалци кои на илјадници наши сограѓани им ги уништија животите, а од друга страна ја имаме професорката Гордана Сиљановска Давкова која е борец заштитник на правото правдината и бескомпромисен борец на законите и Уставот, позади која стои народот  и затоа одлуката се знае дека победникот ќе биде професорката Сиљановска Давкова.

Мицкоски посочи дека Заев се колнеше во жицата, во дедовината, во најмилото, а кога дојде на влас и кога имаше можност тоа да го заштити, тој всушност тргуваше со него, , и додаде дека иако потекнува од градот од каде петте струмички студенти ги дадоа животите за оваа земја, тој сепак се реши да тргува со се тоа што го наследил.

Во своето обраќање пред присутните тој се осврна и на неправдите кои секојдневно се случуваат, како ветените загарантиран откуп субвенции и помош за земјоделците, но денес сме сведоци како Ресен се сечат дрвјата затоа што еден килограм јаболка е еден денар, во Малешевијата и Пијанец родот се истураше по реките, праските од Росоман завршија на улиците, а оризот од Кочани остана во амбарите затоа што немаше кој да го откупи.

Неправда е кога играте на картата на ниски страсти. На емоцијата и на маката на луѓето како што беше случајот со Никола Младенов, како што беше случајот со мартин Нешковски, како што беше случајот со оние невини чеда од Смиљковско, а денеска претпоставувам кога имате можност никаде ве нема, на не ни знаете како живеат тие семејства, не сте ги ни прашале како им е денот, претворен во пекол затоа што од вашите неисполнети ветувања останаа разочарани, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека  неправда е тоа што на студентите им се ветуваа реновирани студентски, а денес тие спремаат испити во супстандардни услови, пензиите од први април наместо да бидат повисоки тие се кратат од 400 до 700 денар, а лекарите не ги добија ветените 100.000 евра плата реновирани болници и ги полнат клиниките по светот.

Ветуваа се и сешто ветуваа дека ќе донесат правда и мир, ветуваа живот, но живот дојде само за најблиските до нив. Одважете се, застане позади професорката Гордана Сиљановска Давкова,  жената која што има тим и знае како да го врати владеењето на правото и правната држава во Република Македонија и знае какви реформи се потребни кои ќе гарантираат владеење на право и правна држава. Да се бориме за нашиот сон за Македонија сонот за честита и просперитетна татковина, нагласи Мицкоски.

На крајот тој уште еднаш на побара поддршката за професорката Гордана Сиљановска Давкова и на 21-ви април и на 5-ти мај, да се излезе што помасовно, затоа што победата на претседателските избори ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори на кои оваа власт ќе замине во историјата, и ќе изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...